Услови на употреба
Почитувани клиенти, Ве молиме, пред да ги користите нашите услуги, внимателно прочитајте ги следниве услови. Секоја посета на нашиот сајт како и купување, тоа значи дека сте ги прочитале овие услови и сте се согласиле со нив целосно.
Добредојде на сајтот Minestore.mk. Minestore.mk ви дозволува да ги користите услугите и содржината на својот портал, која е предмет на следниве Услови на користење. Условите на користење се однесуваат на сите содржини и услуги на Minestore.mk. Со користење на било кој дел на платформата, се смета дека корисниците се запознаени со овие услови и ја прифаќаат употребата на содржините на овој веб-сајт само за лична употреба и на свој ризик.
Регистрација на корисник
За да може успешно да ја завршите вашата регистрација, потребно е да ги внесете
следните податоци (да се вметне скриншот)
– Е-маил адреса
– Име
– Презиме
– Назив на продавница
– Телефонски број
По внесување на точните податоци кликнувате на полето “регистрирајте се“.
По успешната регистрација, на вашата е-маил адреса ќе добиете линк за внес на лозинка, со кој ќе можете да го активирате вашиот кориснички профил.
За најава на Minestore.mk ќе ја користите вашата е-маил адреса и лозинката која ја креирате при регистрација вашиот кориснички профил.
Пред да се регистрирате на сајтот Minestore.mk, во политика на приватност можете да се информирате за целите за кои ги прибираме
вашите лични податоци и начинот на кој што може да ја промените согласноста за
користење на вашите лични податоци.
Промена на податоци на кориснички профил
Горенаведените основни податоци не може да се менуваат, можете само да извршите промена на лозинка.
Додавање на продукти од продавач
По прифаќање на вашата регистрација од адинистраторите на Minestore.mk, профилот ви е подготвен за додавање на нови продукти. На почетната страна во горниот десен агол на полето профил, ви се јавува подкатегорија моја продавница.
Со отворање на моја продавница од левата страна од прозорецот кликнувате на поле продукти, потоа кликнувате на полето додадете нов производ со кој ви се отвора нов прозорец во кој ги внесувате основните податоци за прозиводот (фотографија, име на производ, цена, одбирате категорија и внесувате краток опис на производот (големина, боја, употребуван производ, неупотребуван производ и останати информации со кои ќе му помогнете на купувачот да го одбере вашиот производ))
Со кликнување на полето “креирајте и додадете ново“ ви се отвора можност да додадете нов продукт или доколку тоа е единствениот продукт кој сакате да го огласите кликнувате на полето “Х“ во горниот десен агол. Со ова вашиот производ е испратен на одобрување до администраторите на Minestore.mk.
Продажба на производот
Кога купувачот ќе изврши купување на вашиот производ, администраторите на Minestore.mk ви испраќаат порака за нарачка на производ на е-маил адреса или смс порака, а дадениот производ автоматски се брише од платформата за електронска продажба Minestore.mk.
По добивање на информацијата дека вашиот производ е купен, во рок од 48 часа пратката треба да биде испратена по брза пошта. Трошоците за достава паѓаат на товар на купувачот, а наплатата на производите се врши од страна на брзата пошта која ви ги доставува на вас.
Избор на производи
На почетната страница со кликнување на полето “продавница“, се отвора нова страница во која се прикажани сите производи кои се предмет на продажба. На левата страна се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: назив на продавница, цена, категорија, бренд, таг, боја и големина Доколку имате одберено производи кои ве интересираат, дополнителните информации за конкретните производи можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница.
Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата на кошничката, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување.
Нарачување на производи од кошничката
Кога сте подготвени да извршите купување, потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “продолжи кон наплата”. Потоа ќе ви се отвори страницата во која задолжително треба да ги внесете задолжителните полиња: име, презиме, адреса, град, поштенски код, телефон и е-маил адреса. По внесување на сите задолжителни полиња и кликнување на полето “ја прочитав и се согласувам со веб локацијата правила и услови“, кликнувате на полето “направете нарачка“.
На вашата е-маил адреса ќе добиете потврда за креирана нарачка.
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.
Рокот на испорака е од 3 до 7 работни дена.
Линкови и препораки
Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција.
Нелегални производи и услуги
Minestore.mk има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се продаваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.С.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да бидат одобрени за продажба.
Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост
Не е дозволено да се продаваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри). Продавачот мора да докаже дека се работи за оригинален производ.
Одговорност
Minestore.mk не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на продажба. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.
Старосна граница
За да ја користите страницата Минесторе потребно е да имате наполнето 18 години.
Суспензија
Минесторе го задржува правото да го суспендира регистрираниот продавач во секое време, без писмено соопштение, доколку не тргувал во согласност со условите на користење.