Најчесто поставувани прашања
Доколку сакате да продадете производ, потребно е да се регистрирате преку опцијата во горниот десен агол – “Профил Најава/Регистрација”. По кликнувањето, ќе ви се отвори нов прозорец со две опции: “Најави се” и “Регистрирај се”. За регистрација, ги пополнувате задолжителните полиња и кликнувате на полето “Регистрирај се”. Регистрацијата на нов корисник се одобрува во рок од 24 часа.
Доколку сакате да купите производ, не е потребно да се регистрирате. На почетната страница кликнувате на поле “Продавница”, го одбирате производот кој што сакате да го купите и го ставате во кошница за купување. Со кликнување на полето “Продолжи кон наплата”, ви се отвара нов прозорец во кој ги внесувате задолжителните полиња и кликнувате на поле “Направи нарачка”.
За да се регистрирате на нашата страна потребно е Вашето име и презиме, Вашата е-маил адреса, телефонски број за контакт и потребно е да креирате назив на вашата продавница. Овие податоци се видливи само за администраторите на страната на www.minestore.mk.
При креирање на профилот, единствено називот на вашата продавница е прикажан јавно на нашата веб страна.
Купувањето и продавањето на производи се врши исклучиво преку страната на www.minestore.mk.
Производот се плаќа при доставата на истиот од страна на компанијата која врши брза достава. Имено, се прима пратката, се плаќа производот на компанијата за брза достава и парите се доставуваат на продавачот.
Доставата ја плаќа купувачот, директно на компанијата која ја врши доставата, при прием на производот.
Доставата се врши во рок од 3 до 7 дена.
Обврска за доставување на производот до брза пошта во рок од максимум 48 часа од приемот на информацијата дека производот е купен.
Доколку ја заборавите вашата лозинка, потребно е да кликнете на полето “Профил Најава/Регистрација” од почетната страна, па на линкот “Ја заборави лозинката?” Внесете ја вашата е-маил адреса со која сте веќе регистрирани и на истата ќе ви пристигне линк за ресетирање на лозинката, односно креирање на нова лозинка.
По најавата на веб сајтот на МИНЕСТОРЕ со корисничко име и лозинка, кликнувате на поле “Профил” и избирате “Моја продавница”. На левото мени, бирате продукти и кликнувате на поле “Додадете нов производ”. Ви се отвара нов прозорец во кој треба да додадете слика, име на производот, цена, категорија и краток опис на производот.
Огласот повеќе не ви е достапен бидејќи по купувањето на производот автоматски се брише. За купувањето на производот веќе ви има пристигнато известување на вашата е-пошта или телефонски број со кој сте регистрирани.
Огласот не може да биде променет или избришан од страна на продавачот по објавувањето на нашиот веб сајт.
Доколку сакате да го спречите ваквото објавување со несоодветни производи во однос на прикажаните слики, имате можност негативно да го оцените профилот на продавачот од каде сте го купиле производот, а по три негативни рецензии, продавачот ќе биде суспендиран од понатамошно објавување на огласи на нашиот сајт. Тимот на Мinestore нема увид во фактичката состојба на објавените производи и за истите не одговара.