За неполна минута стани дел од Minestore

Бесплатна регистрација без скриени цени 

Важни Информации

1. Регистрација на корисник

 
За да може успешно да ја завршите вашата регистрација, потребно е да ги внесете следните податоци: – Е-маил адреса – Име – Презиме – Назив на продавница – Телефонски број По внесување на точните податоци кликнувате на полето “регистрирајте се“. По успешната регистрација, на вашата е-маил адреса ќе добиете линк за внес на лозинка, со кој ќе можете да го активирате вашиот кориснички профил. За најава на Minestore.mk ќе ја користите вашата е-маил адреса и лозинката која ја креирате при регистрација на Вашиот кориснички профил. Пред да се регистирате на сајтот Minestore.mk, во политика на приватност можете да се информирате за целите за кои ги прибираме вашите лични податоци и начинот на кој што може да ја промените согласноста за користење на вашите лични податоци.

2. Промена на податоци на кориснички профил

 

Горенаведените основни податоци не може да се менуваат, можете само да извршите промена на лозинка.

3. Додавање на продукти од продавач

 
По прифаќање на Вашата регистрација од страна на администраторите на Minestore.mk, профилот Ви е подготвен за додавање на нови продукти. На почетната страна во горниот десен агол на полето профил, Ви се јавува подкатегорија моја продавница. Со отворање на моја продавница од левата страна од прозорецот кликнувате на поле продукти, потоа кликнувате на полето додадете нов производ со кој Ви се отвора нов прозорец во кој ги внесувате основните податоци за производот (фотографија, име на производ, цена, одбирате категорија и внесувате краток опис на производот (големина, боја, употребуван производ, неупотребуван производ и останати информации со кои ќе му помогнете на купувачот да го одбере вашиот производ)). Со кликнување на полето “креирајте и додадете ново“ Ви се отвора можност да додадете нов продукт или доколку тоа е единствениот продукт кој сакате да го огласите кликнувате на полето “Х“ во горниот десен агол. Со ова Вашиот производ е испратен на одобрување до администраторите на Minestore.mk.

4. Продажба на производот

 

Кога купувачот ќе изврши купување на вашиот производ, администраторите на Minestore.mk ви испраќаат порака за нарачка на производ на е-маил адреса или смс порака, а дадениот производ автоматски се брише од платформата за електронска продажба Minestore.mk.

По добивање на информацијата дека вашиот производ е купен, во рок од 48 часа пратката треба да биде испратена по брза пошта. Трошоците за достава паѓаат на товар на купувачот, а наплатата на производите се врши од страна на брзата пошта која ви ги доставува на вас.

Нагоре